skip to Main Content

Случај 27 април: Напаѓавме по наредба на УБК – возилото на Фрчкоски требаше да се дигне во воздух

Случај 27 април: Напаѓавме по наредба на УБК – возилото на Фрчкоски требаше да се дигне во воздух
  • 03.12.2018
,,За време на протестите пред ДИК требаше возилата на Петре Шилегов и Љубомир Фрчкоски да се дигнат во воздух. За време на протестите ,,За заедничка Македонија” физички беа напаѓани и навредувани новинари и други луѓе кои учествуваат во јавниот живот на Република Македонија. Овие дејствија беа организирани од Нинџа по насока од Владимир Атанасовски, тогашниот директор на УБК”, сведочи обвинетиот за 27 април, Михаил Младеновски.

,,Преку Нинџа како прв оперативец на УБК во тие моменти требаше да се напаѓаат личности кои се против интересите на тогашното раководство на Управата. Проценките кој треба да се нападне ги правеа тие. Се палеа коли, требаше да се палат други коли, се напаѓаа личности кои се сметаа за државни непријатели”, сведочи Младеновски.

Како што вели сведокот Михаил Младеновски, Александар Василевски Нинџа лично му кажал дека има значка од УБК, исто како и обвинетиот Никола Митревски Кољо.

Back To Top