skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Словенија го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Словенија го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО
  • 12.02.2019

Државниот Збор на Република Словенија денеска на вонредна седница го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Со тоа, Словенија стана втората земја-членка на Алијансата, која по Грција, го ратификува Пристапниот протокол во НАТО.

На седницата пред гласањето се обрати претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, кој ја предводи делегацијата на македонскиот Парламент  во работна посета на Љубљана. Се заблагодари во име на Собранието и граѓаните на Македонија и нагласи дека со овој чин се потврди пријателскиот и принципиелен однос кон граѓаните на нашата земја.

Според Џафери, уште еднаш се покажа дека меѓу двете држави нема отворени прашања и проблеми. Ја истакна улогата на двата парламенти, кои во трите децении, рече, изградија интензивни билатерални односи на ниво на претседатели и на ниво на работни тела, комисии и администрацијата, а реализирани се и многубројни твининг проекти.

Во обраќањето се осврна на состојбите во Македонија, на усвоените уставни промени врз основа на Преспанскиот договор меѓу Македонија и Грција, со што, како што рече, се надмина спорот околу уставното име и ја блокираше Македонија да стане полноправен член на НАТО и ЕУ.  Според Џафери, потпишаувањето на Преспанскиот договор и неговото усвојување на националните парламенти е т.н. вин-вин, сите сме победници и губитници. Изрази надеж дека до крајот на оваа година Протоколот ќе биде усвоен од Парламентите на сите 29 земји-членки на НАТО. Џафери очекува оваа година да добиеме и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ

Во обраќањето пред словенечките пратеници Џафери констатира дека билатералните односи меѓу двете земји се многу добри, во сите сфери, но заостануваат економските односи имајќи предвид, подвлече, можностите и интересот за соработка од двете стопанства.

Според најавите од Албанија, в четврток пристапниот Протокол треба да биде ратификуван и од албанскиот Парламент. Албанските медиуми јавија дека Протоколот за членство на Македонија во НАТО веќе добил зелено светло од законодавно- правната комисија и оти во четврток е закажана седница на Парламентот.

Back To Top