skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Славчо Попоски: Циклонот КРИСТИЈАН се посилен – невреме со град го зафати Прилепскиот регион

Славчо Попоски: Циклонот КРИСТИЈАН се посилен – невреме со град го зафати Прилепскиот регион
  • 08.04.2019

Прилеп и прилепскиот регион попладневно беше зафатено од поинтензивни атмосферски процеси, односно имаше развој на конвективна облачност проследена со пороен дожд и со појава на град. Токму ова е поради циклонот КРИСТИЈАН кој е поврзан со влажна и нестабилна воздушна маса.

Во следните часови пак овој циклон ќе круши над Македонија со што на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат нови над 20 л/м2 воден талог. Потоа во среда во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за ретка појава на град. Потоа во среда во текот на ноќта кон четврток како и во четврток претпладне се очекува краткотрајно стабилизирање и разведрување на времето додека доцна попладне и навечер од запад ќе започнат нови врнежи од дожд кој во петок и во сабота ќе се интензивираат и прошират насекаде и на повеќе места се очекува да бидат поинтензивни.

Локално ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално можни се поинтензивни атмосферски процеси во форма на НЕВРЕМЕ проследено со засилен ветер и услови за појава на град.

Температурите ќе бидат во значителен пораст и на средината од оваа недела истите ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top