skip to Main Content

Славчо Попоски: Циклонот КРИСТИЈАН се посилен од утре попладне, од понеделник најсилен, поинтензивни врнежи и значителен воден талог

Славчо Попоски: Циклонот КРИСТИЈАН се посилен од утре попладне, од понеделник најсилен, поинтензивни врнежи и значителен воден талог
  • 06.04.2019

Во изминатите денови најмногу дожд има наврнато во Маврово и во Берово и тоа 20 л/м2, Крива Паланка 7, Тетово и Охрид како и во Скопје 1 л/м2. Циклонот Кристијан пак како што најавивме од утре попладне ќе станува се посилен а најсилен ќе биде од понеделник кога врнежите насекаде ќе се интензивираат а локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност, температурите на воздухот пак краткотрајно ќе се намалат за потоа повторно да бележат тенденција на пораст а на најнвисоките планински места повремено ќе има услови и за врнежи од снег.

Од понеделник па натаму локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 30 л/м2). Поради циклонот КРИСТИЈАН особено земјоделците ќе и стават крај на подолготрајната суша која ја зафати нашата држава а нестабилното време пак ќе се задржи подолго време но за среќа не очекуваме некој изразен студен бран и мразеви. Исто така сите оние кој во текот на новата недела планираат да работат на отворено или пак да се зафатат со градежни работи тоа да не го прават поради врнежите и нестабилното време кое што ни претстои во периодот кој што е пред нас.

Подготви: Славчо Попоски

 

 

Back To Top