skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Славчо Попоски: Циклонот АЛЕН донесе мајски снег и во Македонија, следуваат минусни температури и мраз

Славчо Попоски: Циклонот АЛЕН донесе мајски снег и во Македонија, следуваат минусни температури и мраз
  • 07.05.2019

Циклонот АЛЕН во текот на ноќта поради драстичното заладување донесе мајски снег и тоа на повеќе планини низ Македонија и тоа особено во западните предели каде снежната граница се спушти и малку под 1500 метри надворска височина каде дојде и до формирање на нова покривка. Снег провејуваше исто така и на Попова Шапка каде ова утро температурата се спушти на -2 степени додекапак на највисоката точка од Шар Планина односно на Титов Врв истата се спушти дури до -8 степени. Снег се очекува да провејува и денес на повисоките места и на планините низ државава а ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец кој особено Долж Повардарието и на југоисток локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час додека пак максималните дневни температури ќе се искачат во интервалот само од 8 до 17 степени.

Особено студено утро ќе имаме утре кога минималните температури ќе се спуштат во интервалот од -3 до 5 степени додека на планинските места истите ќе се спуштат до околу -10 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ДО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Се предупредуваат земјоделците ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги заштитат своите земјоделски култури и посеви поради опасноста од премрзнување и тоа поради очекуваните многу ниски температури кој се невообичаени за овој дел од годината.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top