skip to Main Content

Славчо Попоски: Температурите на водите низ езерата во Македонија идеални за освежување – детални информации

Славчо Попоски: Температурите на водите низ езерата во Македонија идеални за освежување – детални информации
  • 12.06.2019

Топлотниот бран кој неодамна ја зафати нашата држава услови значително зголемување на температурите на водите на езерата низ државава а тој тренд ќе продолжи и во следните денови со оглед на тоа дека се очекуваат уште повисоки температури на воздухот кој насекаде ќе се искачат над 30 степени, во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат до околу 40 степени. Моменталните температури на водите низ езерата во Македонија се следните: Охридско езеро 19 степени, Преспанско езеро 20 степени и Дојранско езеро 23 степени што значи лубителите на освежувањето во реките и во езерата конечно си дојдоа на своето и тоа можат и тоа како да го прават следните денови.

Времето во следните денови ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност додека во попладневните часови не се исклучува можноста за изолирана нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. УВ ИНДЕКСОТ ќеима ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе изнесува од 10 до 11.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top