skip to Main Content

Славчо Попоски со прекрасни најави: Спремете се за ПРЕКРАСЕН викенд и УЖИВАЈТЕ во убавото време

Славчо Попоски со прекрасни најави: Спремете се за ПРЕКРАСЕН викенд и УЖИВАЈТЕ во убавото време
  • 15.03.2019

Под влијание на висок воздушен и на стабилна, сува но и значително потопла воздушна маса која продира од југ за време на овој викенд ќе имаме стабилно, суво и натрпосечно топло време, односно времето ќе биде сончево повремено со масла до умерела облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец кој особено на запад ќе засилува на интензитет.

Максималните дневни температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени додека значително потопло ќе биде во недела со максимални дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 24 степени и истите ќе бидат повисоки за овој дел од годината за 8 до 10 степени.

Само до крајот на денови на север има услови за слаб локален дожд и снег на планините а ќе дува и умерен ветер од северен правец кој Долж Повардарието и на исток повремено ќе биде и засилен на интензитет.

Сепак пред нас е еден прекрасен викенд со рано – летни температури на воздухот кој на повеќе места ќе се искачат над 20 степени и тоа особено во недела.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top