skip to Main Content

Славчо Попоски со ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА: Судир на две воздушни маси ќе ја зафатат државава

Славчо Попоски со ВАЖНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА: Судир на две воздушни маси ќе ја зафатат државава
  • 13.08.2019

Утре доцна попладне и во вечерните часови нашата територија ќе биде под влијание на судир на две воздушни маси (многу топлата од југ и значително посвежата од север). Токму ова ќе услови на повеќе места развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено во северната половина од државава, локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороендожд, силни и чести електрични празнења, силен ветер и појава на град кој локално има услови да биде од поголема величина. Во ваква ситуација граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да внимаваат каде ги оставаат своите автомобили односно истите да не бидат во близина на дрвјата.

Веќе од четврток ќе имаме многу пониски температури за разлика од сега, истите ќе бидат пониски за 8 до 10 степени во однос на сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. Овој пад на температурите на воздухот особено ќе се почувствува во северната половина од државава.

Страшно  невреме ќе го зафати и Балканот и регионот поради овој судир на овие две воздушни маси.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top