skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Славчо Попоски со анализа за мај: Топол но со можност за нестабилност, следуваат топлотни бранови

Славчо Попоски со анализа за мај: Топол но со можност за нестабилност, следуваат топлотни бранови
  • 18.04.2019

Само што ја направивме деталната анализа околу тоа какво време не очекува во следниот месец кој ни доаѓа, односно во месец мај. Месец мај оваа година треба да биде малку потопол за разлика од изминатата година што значи дека може да очекуваме продори на топли воздушни бранови од северните предели на Африкакој ќе условат летни температури на воздухот (над 30 степени).

Меѓутоа треба да очекуваме и повремени дестабилизирање на атмосферата, односно развој на конвективна облачност проследена со пороен  дожд, грмежи, електрични празнења и локална појава на град што значи дека процесите повремено и локално ќе бидат застапени и во форма на невреме. Секако и во месец мај повремено може да очекуваме посвежи продори од север, инаку во претходните најави информираме дека веќе уште во текот на следната недела нашата територија ќе биде под влијание на значително потопла воздушна маса која ќе услови значително повисоки температури на воздухот кој речиси насекаде ќе се искачат над 20 степени додека во најтоплите делови од државава очекуваме истите да се искачат дури до близу 30 степени. Да напоменеме дека атмосферата и понатаму нема да биде во целост стабилна па така може да очекуваме локална нестабилност и локални врнежи.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top