skip to Main Content

Славчо Попоски: Следуваат два малку постабилни денови, од недела попладне НОВО СИЛНО НЕВРЕМЕ

Славчо Попоски: Следуваат два малку постабилни денови, од недела попладне НОВО СИЛНО НЕВРЕМЕ
  • 20.06.2019

До крајот на денов ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и појава на град. Потоа утре и во сабота ќе имаме малку постабилна атмосфера но сепак има услови за изолирана нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за редок град.

Од недела па натаму повторно атмосферата значително ќе се дестабилизира и на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално повторно ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, значително количество на воден талог кое може да услови и ПОПЛАВУВАЊА, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите навоздухот поради продор на потопол воздух од југ ќе бележат тенденција на значителен пораст и за време на викеднот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 37 степени додека од понеделник истите ќе бележат тенденција на мал пад.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top