skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Славчо Попоски – опасност од лавини низ Европа, еден метар снег во Македонија, Глобалното Затоплување е лага – детали

Славчо Попоски – опасност од лавини низ Европа, еден метар снег во Македонија, Глобалното Затоплување е лага – детали
  • 12.01.2019

Во текот на следниот период низ Европа постојат услови дури и за појава на лавини, во алпскиот регион снежната покривка веќе изнесува дури и до три метри, од друга страна пак оваа зима соседна Грција е погодена од вистинско снежно невреме и невообичаено ниски температури на воздухот, речиси цела Грција е под бела покривка.

Во Македонија пак циклонот Давид во текот на изминатите неколку денови услови интензивни снежни врнежи, снежната покривка на планинските места достигнува дури и преку еден метар а на пониските места до околу 50 сантиметри и тоа особено во западните и југозападните предели, на другите места снежната покривка е помала од 50 сантиметри.

Исто така во изминатиот период во Македонија се забележаа екстремно ниски температури кој во Битола и Берово се спуштија дури и на -21 степен.

Многу ниски температури кој понекаде ќе се спуштат повторно под -15 степени очекуваме и во текот на следниот период, нови врнежи претежно од снег очекуваме веќе во понеделник кој ќе ја зголемат снежната покривка.

Некој од научниците со години предупредуваат како Македонија ќе стане пустина и ќе има многу голема суша и топлина, истото го кажуваа и за Европскиот Континент, ова е само да се направи непотреба паника низ луѓето и Глобалното Затоплување е најголема лага што може да постои.

Во моментов ние се наоѓаме на влезот од новата Ледена Доба, сонцето својот интензитет на греење го намалува и понатаму продорите од север, односно студените воздушни маси ќе бидат зачестени како што се зачестени и оваа зима како и врнежите од дожд и снег.

И покрај ова секако дека летата нема да исчезнат, но ќе бидат малку посвежи иако повремено може да се очекуваат и многу високи температури но ќе бидат нешто пократки и со почести продори од север.

Македонија никогаш не била, и нема да стане пустина и покрај предупредувањата на некој научници кој само сакаат да шират дезинформации и лажни вести.

Подготви: Славчо Попоски

 

Back To Top