skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Славчо Попоски: Од четврток влијанието на АНДРЕА се враќа – очекувајте нови врнежи и грмежи како и услови за невреме

Славчо Попоски: Од четврток влијанието на АНДРЕА се враќа – очекувајте нови врнежи и грмежи како и услови за невреме
  • 21.05.2019

До крајот на денов во планинските места ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и грмежи а има услови и за редок град а слична ќе биде ситуацијата и во текот на утрешниот ден а максималните днервни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 27 степени додека најтопло ќе биде пак во четврток со максимални температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Веќе во четврток попладне и навечер атмосферата ќе започне на повеќе места да се дестабилизира и тоа под повторно влијание на АНДРЕА па така на повеќе места се очекува пороен дожд, грежи и засилен ветер а локално не се исклучува можноста за невреме со град, силен ветер и електрични празнења. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта кон петок и во петок кога локално ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог. Поради спуштање на посвежа воздушна маса од север во петок ќе дува северен ветер кој локално ќе биде засилен по интензитет и истиот ќе услови пад на температурите на воздухот за пет до шест степени и истите во петок ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени. Повторен пораст на температурите ќе имаме за време на викендот но и понатаму ќе има услови за локална нестабилност. Повторно поголеми услови за нестабилност ќе има во текот на следната недела што значи влијанието на АНДРЕА според најновите направени анализи ќе продолжи и во текот на следната недела.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top