skip to Main Content

Славчо Попоски: Од вторник северен ветер и пад на температурите за околу 10 степени

Славчо Попоски: Од вторник северен ветер и пад на температурите за околу 10 степени
  • 23.03.2019

Под влијание на значително постудена воздушна маса од север, во вторник и во среда ќе имаме позначителна облачност а ќе има и локални врнежи од дожд кој поради заладувањето на повисоките места и на планините истите ќе поминат во снег со што ќе дојде до формирање на потенка снежна покривка, сето ова ќе биде проследено и со умерен до засилен ветер од северен и од североисточен правец кој ќе услови пад на температурите за околу 10 степени во одност на сегашните.

Врнежите како што кажавме ќе бидат од локален карактер и со слаб до умерен интензитет интензитет, температурите на воздухот веќе во среда поради продорот од север ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 15 степени додека наутро понекаде ќе се спуштат и под нулата, односно минималните ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 6 степени.

Почитувани граѓани уживајте во прекрасниот сончев и топол викенд кој ни претстои и искористете го за прошетки и за скара во природа.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top