skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Алтернатива е новото име на партијата на Африм Гаши – Беса останува на Касами
Могерини: ЕУ ќе го поздрави историскиот успех на Скопје и Атина
Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО
Северна Македонија денеска на агендата на министрите за надворешни на ЕУ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Славчо Попоски: ОГРОМНА промена на времето од 16°C на -12°C – доаѓа вистинска зима и СИЛЕН ветер од над 70 км/час

Славчо Попоски: ОГРОМНА промена на времето од 16°C на -12°C – доаѓа вистинска зима и СИЛЕН ветер од над 70 км/час
  • 10.02.2019

Во текот на утрешниот ден ќе дува засилен ветер од јужен правец кој на моменти на некои места ќе достигнува брзина од над 70 км/час, сето ова ќе биде најава за нагла и голема промена на времето која треба да се случи утре кон крајот на денот и навечер, односно од запад ќе започнат врнежи од дожд и во текот на ноќта ќе се прошират речиси насекаде  а локално во западните делови ќе наврне и позначително количество на воден талог, и тоа над 20 л/м2 а има услови и за појава на атмосферски процеси во вид на локални грмежи и поројни врнежи од дожд.

Во текот на ноќта кон вторник поради спуштање на многу постуден воздух од север температурите на воздухот нагло ќе опаднат за околу 10 степени, понекаде и за повеќе додека врнежите од дожд освен на повисоките места ќе поминат во снег и на некои од пониските места и тоа особено на запад и на север од државава.

Максималните температури утре ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 16 степени додека од вторник поради студениот бран значително ќе опаднат и најстудено ќе биде во среда кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од -5 до 5 степени додека во утринските часови температурите понекаде ќе се спуштат и до околу -12 степени.

Исто така во вторник и во среда локално ќе има послаби врнежи од снег додека на повисоките места и на планините ќе се формира нова и ќе се зголеми снежната покривка, услови за потенка снежна покривка ќе има и понекаде на пониските места, особено на запад и на север.

Подготви: Славчо Попоски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top