skip to Main Content

Славчо Попоски: ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН се движи кон Македонија, се очекуваат ЕКСТРЕМНИ температури

Славчо Попоски: ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ БРАН се движи кон Македонија, се очекуваат ЕКСТРЕМНИ температури
  • 04.08.2019

Веќе од средината на новата недела која што ни претстои нашата територија ќе започне да подпаѓа под влијание на уште потопол Африкански бран кој по се ќе биде најсилен ова лето. Температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на голем пораст и истите на повеќе места ќе се искачат над 35 степени, во централните и во југоисточните предели веќе од следниот викенд температурите на воздухот би можеле да бидат ЕКСТРЕМНО високи и се очекува да се искачат и до 42, 43 степени.

Времето пак ќе биде стабилно, суво и сончево без врнежи повремено со мала до умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност и ќе изнесува 9 па така на граѓаните им препорачуваме да се заштитуваат и да пијат што повеќе течности.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

Back To Top