skip to Main Content

Славчо Попоски: Детална анализа на времето за месец мај

Славчо Попоски: Детална анализа на времето за месец мај
  • 28.04.2019

Според најновите анализи кој ги направивме за временската состојба кај нас но и за цел Европски Континент и балкан укажуваат дека во североисточните  и во источните предели од истиот ќе има малку постудено време од вообичаеното но во поголемиот дел од европа врнежите ќе бидат под просекот за месец мај што значи ќе има нешто помалку врнежи од нормалното. Помалку врнежи се очекуваат и ширум балканот додека кај нас врнежите ќе бидат околу или малку над просекот за месец мај, што се однесува пак до температурите истите ќе бидат околу просекот за тој месец што значи може да очекуваме и понатаму топли бранови што е нормално за овој дел од годината но очекуваме и повремени освежувања, односно посвежи продори од северните предели од континентот.

Инаку и најновите анализи укажуваат на тоа дека од јуни па во следните летни месеци започнува периодот на значително потопло време со зачестени топлотни бранови од северните предели на Африка, но ќе растат условите и за појава на локални невремиња проследени со поројни дождови, силни грмежи, силен ветер и појава на град.

За први мај пак особено во попладневните часови ќе има услови за локална појава на дожд и услови за појава на грмежи и тоа претежно во западните и крајните североисточни и источни предели од државава. Исто така првите денови од мај ќе имаме малку посвежо време за разлика од она кое го имавме до вчера.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top