skip to Main Content

Славчо Попоски го најавува новиот циклон АЛЕН – доаѓа викендот и со себе носи, дожд, грмежи па дури и снег

Славчо Попоски го најавува новиот циклон АЛЕН – доаѓа викендот и со себе носи, дожд, грмежи па дури и снег
  • 29.04.2019

Под влијание на нов циклон кој ќе го носи името АЛЕН во текот на викендот кој ни доаѓа ќе го зафати балканот но и Македонија и ќе услови врнежи од дожд, локални грмежи како и локално позначително количество на воден талог. На планинските места ширум балканот ќе има и снежни врнежи каде ќе дојде дури и до формирање на снежна покривка.

Одсега гледано овој постуден воздух кај нас ќе пристигне на самиот почеток од следната недела и ќе услови позначително заладување како и врнежи од снег на повисоките места и на планините но и засилен ветер од северен правец. Доколку токму оваа ситуација остане вака и не се промени следната недела нашата држава и балканот ќе го зафатат ниски минуски утрински температури кога ќе има услови и за појава на мраз кој и тоа како лошо ќе влијае врз земјоделите и земјоделските кутури.

Ситуацијата околу студениот бран континуирано ќе ја следиме и за се навремено ќе бидете информирани од наша страна, најнови информации околу ова следуваат наскоро.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top