skip to Main Content

Слаб одзив на повикот на Комитите – демонстрантите пред Собрание извикуваат „бесилка“ за Заев (Видео)

Слаб одзив на повикот на Комитите – демонстрантите пред Собрание извикуваат „бесилка“ за Заев (Видео)
  • 17.06.2018

„Бесилка“ за Заев извикуваат демонстрантите пред Собрание, кои на повик на навивачката група „Комити“ излегоа на протест против договорот за името кој денеска беше потпишан меѓу Македонија и Грција во Мала Преспа.

Екипата на 1Тв која е пред Парламентот јавува дека вечерва на повикот се одзвале многу помалку демонстранти, нешто повеќе од стотина, отколку  на првиот протест на Комититите во средата.

Се пеат патриотски песни, се извикуваат пароли  со погрдна содржина. А пред Собранието, како што јавува нашата екипа има засилено полициско обезбедување, оклопни возила на ЕБР, а затворени за сообраќај се улиците во центарот на Градот.

Присутни се и Солза Грчева од Глас за Македонија која исто така денеска повика на протести против договорот, но и Тодор Петров од Светскиот Македонски Конгрес.

Back To Top