skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Католиците го слават Велигден
Граѓаните го избираат петтиот претседател, прв на Република Северна Македонија
Охрид, Дебар и Ново Село избираат градоначалници
За победа во прв круг потребни 904.066 гласови, во вториот 723.253
МВР подготвено да обезбеди достојна и безбедна изборна атмосфера
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

(Видео) Скопската пожарна гасне пожари со застарена опрема

(Видео) Скопската пожарна гасне пожари со застарена опрема
  • 20.03.2019

Пожарите на отворено годинава почнаа порано од вообичаено. Тие го активираа алармот кај властите. Полни раце работа имаат пожарникарите. Па се поставува прашањето:Колку тие се подготвени да се справат со опасностите на терен?  Пожарникарството е благородна и доблесна професија,  но условите во кои работиме се лоши, вели Владимир Кочовски од Противпожарната бригада во Скопје. Пред објективот на нашата камера, тој ни раскажа со какви проблеми се соочуваат. Има дефицит на работници. Недостасува секаков вид на опрема-од униформи до алати. Старата опрема не се заменува со нова. Прашина фаќаат и автомеханичките скали.

Кочовски вели дека надлежните институции покажале разбирање и сочуство во однос на нивните проблеми. Има и тендер за набавка на автомеханичка скала и 3 нови противпожарни возила.

Македонија во моментов се соочува со масовни огнени стихии, не вообичаени за овој период од годината. Страотен пожар беснееше на Скопска Црна. Повеќе од 12 часа гореше сува трева и ниска вегетација. Властите беа немоќни, пред се поради непристапноста на теренот но и тоа што ер-тракторите не можат да интервенираат ноќе.

Елена Милошевска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top