skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Скандалот со Алиоски и датумот за преговори со ЕУ – теми во Централниот Дневник на 1ТВ

Скандалот со Алиоски и датумот за преговори со ЕУ – теми во Централниот Дневник на 1ТВ
  • 14.06.2019

Пратеникот Мухамед Зекири ја изрази својата загриженост за случајот со Езџан Алиоски и повика на одговорност за да се стави крај на говорот на омраза или дискриминација по основ на етничка припадност. Истрагата ќе покаже дали вработените во прилепскиот локал го пречекориле прагот во моментот кога на македонскиот фудбалски репрезентативец му кажале да го напушти угостителскиот објект.

„Нашите спортисти се најдобриот амбасадор на секоја земја. Алиоски е еден од тие спортисти во светот, почитуван, секаде што играл и гордо го носи и дресот на нашата фудбалска репрезентација. Срамно е ова да се случува. Јас јавно реагирав на социјалните мрежи. Потоа разговарав на повисоко ниво во партијата и мора институциите да ја завршат својата работа. Не смее овој чин да остане неосуден, мора да одговараат кривично. Тие може да се извинат, но ова е недопустливо, ова е фашизам. Мене ме вознемируваат реакциите кои ги добив приватно од прилепско, кои не се само Албанци. Тие велат дека не е само еден локал во Прилеп кој го прави ова. Јас верувам дека се уште има луѓе кои вака би реагирале, само затоа што некој е поразличен“,  рече Зекири кој зборуваше и за скандалот во ИВЗ, како и за промените во СДСМ кои се за добри за партијата, но и за државата.

Советникот за евроатлантска интеграција на премиерот и главен технички преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ во Централниот Дневник на 1ТВ зборуваше за средбата на Меркел и Заев, датумот за преговори и колку изборите во Грција, како и тензиите во Албанија може да влијаат во таа насока.

„Второто соопштение поконцизно ги рефлектира разговорите меѓу Меркел и Заев. Во второто соопштение беше истакнато дека Северна Македонија направила силни исчекори на патот кон ЕУ, дека се направени значајни реформи и дека Германија силно стои зад успехот на државата и дава поддршка за европските интеграции. Сите важни адреси низ Европа се поминати и со истите пораки. Од сите тие адреси добивме позитивен сигнал дека заслужуваме да ги почнеме преговорите. Дилемите се повеќе тактички. Има интензивна активност околи дефинирање на заклучоците околу тоа што ќе биде до крајот на годината. Тоа што ние сме го добиле како цврсто уверување и од Меркел е дека ќе ги уважат важните реформи, вклучително и Франција“, рече Маричиќ.

Целиот Централен Дневник погледнете го во видеото.

Back To Top