skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Скандалозна изјава на реисот Сулејман Реџепи за судија: Не ја жалам, таквите нека починат

Скандалозна изјава на реисот Сулејман Реџепи за судија: Не ја жалам, таквите нека починат
  • 24.04.2019

Во своето обраќање вечерва поглаварот на Исламската верска заедница Сулејман Реџепи за судијката која ја донела одлуката Бузаку да биде нов поглавар рече дека е против него, и даде скандалозна изјава.

– Слушнав дека имала проблеми со здравјето. Не ја жалам, таквите нека починат – вели Реџепи.

Тој праша зошто е Владата насочена против ИВЗ и рече дека не е злосторник и нема тендери за да го краде народот.
-Мене ме одликувал Доналд Трамп, да му даде Господ среќа. За цел свет сум носител на мир и спокој, само во Р. Македонија сум демонстрирал сила. Јас не се заканувам, се колнам. Туку вистината ги погодува луѓето. Ние таква власт и политика не сакаме. Зборувам во име на 13 муфтии. Едногласно ги усвоивме заклучоците дека ваква власт, која се занимава со ујдурми и анархија, нам не ни треба и заради тоа кажувам дека ние ова не го сакаме и не го заслужуваме. Авангарда на сите верски заедници била ИВЗ, секогаш водиме. Нема да не злоупотребат. Бев замолен монструмот да го тргнеме. Сега кој е монструмот? Сите добронамерни нека го кренат гласот, изјави тој.
Реџепи констатираше дека државата е полициска и порача порача дека ова зло нема никогаш да биде заборавено и дека тој и ИВЗ ќе се вклучат во анти-пропаганда на овие избори.

-За жал, од вечерва не сме повеќе на иста страна со оваа Влада, рече тој по вечерашниот упад на финансиската полиција во ИВЗ, откако судот одлучи дека тој веќе не е Реис, туку поглавар станува Скендер Бузаку.

-Нема да бидам послушен. Али пашина џамија, никој да не чепка таму. Ќе се прелие чашата. Политиката сади мразење меѓу верските заедници. Го замолија и дедо Стефан да ми напише писмо. Бузаку е отпадник, дури и од Исламската вера. Судот се впушти во невидена авантура. ИВЗ нема да постои кога тој би бил реис, порача Реџепи

Според судското решение, како што изјави за медиумите Скендер Бузаку од утре ќе биде новиот поглавар на Исламската верска заедница. Додека Мухамед Вејсели од ИВЗ, истакна дека Сулејман Реџепи и натаму ќе  раководи со ИВЗ се додека ја има довербата од Ријасетот.

Back To Top