Сиљановска: Пендаровски победи, ама јас не ја изгубив битката

Вечерва знам дека победи противкандидатот, но не мислам дека јас како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и како поединец ја загубив битката, рече Гордана Сиљановска Давкова на прес-конференција по вториот круг од претседателските избори.
-Велат дека ние жените приметуваме се. Ми велат дека сум се подмладила откако почна кампањата. Се подмладив од вас граѓаните. Денешниот ден ми личеше на Вивалди и „Четирите годишни времиња“. Да добиете 370.ооо е голема благодарност, а да станете позната по улиците како Гога е нешто ново во политиката во Македонија“, изјави Сиљановска – Давкова.
-Прашањето дали резултатот на победникот во однос на победениот води кон помирување или означува една поделба внатре во државата по повеќе основи, поделба која има карактер на интраетничка и прашање е дали синтагмата Одиме напред навистина го ветува тоа, рече Сиљановска – Давкова.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.