skip to Main Content

Силјановска: Жалам што Река не влезе во вториот круг

Силјановска: Жалам што Река не влезе во вториот круг
  • 22.04.2019

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на фејсбук му ги честиташе освоените гласови на противкандидатот Блерим Река и му порача дека ѝ е жал што не влегол во вториот круг.

Ми беше чест да учествувам на претседателските избори заедно со колегата Блерим Река. Дискусиите кои ги имавме, и по прашања за кои се сложувавме, како и за оние за кои не се сложувавме, беа на високо ниво и го подигнаа квалитетот на дебатата. Му честитам на освоените гласови и искрено жалам што не влезе во вториот круг, напиша Силјановска Давкова.

Таа синоќа на прес конференцијата нешто пред ДИК да излезе со конечните резултати, рече дека очекува гласовите на Река да се прелеат на нејзината сметка во вториот круг од претседателските избори на 5.мај.

Back To Top