skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Надлежности на претседателот на Републиката
Отворена телефонската линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право
Јонкер: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
За победа во прв круг потребни над 900 илјади гласови
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Се чека одлука од Апелација – дали тенкот што ја чинеше државата 600.000 евра ќе го чини Груевски две години затвор?

Се чека одлука од Апелација – дали тенкот што ја чинеше државата 600.000 евра ќе го чини Груевски две години затвор?
  • 14.09.2018

Се уште нема одлука по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за затворската казна која му ја пресуди судијката Добрила Кацарска за набавката на ултралуксузниот Мерцедес. Од скопска Апелација не соопштуваат кога ќе ја донест одлуката, само велат дека јавноста ќе биде известена кога тоа ќе се случи.

„Се уште нема одлука. Советот ќе ја донесе одлуката во законскиот рок“, велат од Апелација за 1ТВ.

Специјалното јавно обвинителство пак очекуваше од судот да ја донесе одлуката во рок од пет дена.

Јавната расправа заврши на 5-ти месецов без присуството на Никола Груевски, а шестте жалби ги образложуваа само адвокатот Стерјо Зиков и обвинетиот Ѓоко Поповски кој доби шест и пол години затвор за истото дело. Жалбите се однесуваа на, според образложението на адвокатите, бројни суштински повреди на кривичниот законик и на самата постапка. Ден пред закажаната расправа, од собраниската говорница, Груевски ги обвини судиите во Апелација дека примиле политичка наредба да го осудат, што предизвика реакција и демант од судот.

На истата прес конференција, новинарите повторно му замерија на Груевски што не остана да одговара на прашања.

Апелација преку соопштение ги нарече тие обвинувања исконструирани и тенденциозни со цел да се дискредитира судот. Претходно, на 31 август, Груевски и Ѓоко Поповски кој се спроведува со лисици од притворското одделение во Шутка поминаа 10 часа во ходниците на Апелациониот суд, а тоа се должеше на низата барања за изземање. Прво судечкиот Совет даде пауза за да одлучува по барањето за изземање на судечкиот совет, а потоа паузите следеа заедно со барањата за изземање на претседателот на Апекацискиот суд, судијата известител и претседателот на судечкиот совет. Сите барања беа одбиени. Сега се чека Апелација да ја соопшти одлуката: Дали тенкот што ја чинеше државата 600.000 евра, го чини поранешниот премиер две години затвор?

Кристина Атовска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top