skip to Main Content

Се уште трае средбата меѓу Заев и Мицковски

Се уште трае средбата меѓу Заев и Мицковски
  • 10.09.2019

Час и половина трае средбата меѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и претседателот на опозициската
ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на која се очекува да се изнајде решение за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и идниот статус на Специјалното јавно обвинителство.

Вечерашната средба следува откако работните групи од власта и опозицијата не успеаја да најдат заеднички прифатливи решенија за спорните прашања.

Од исходот на вечерашната средба, зависи кога ќе се одржат продолженијата на комисиската и пленарната седница за Законот за ЈО, како и на парламентарното заседание за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, која мора да биде разрешена најдоцна до 15 септември.

Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека доколку се постигне договор, тогаш седниците би можеле да бидат закажани уште утре

Back To Top