skip to Main Content

Се сретнаа спасителот и повредената по автобуската несреќа

Се сретнаа спасителот и повредената по автобуската несреќа
  • 17.02.2019

Министерот за здравство Венко Филипче на фејсбук објави трогателна приказна од автобуската несреќа кај Ласкарци – Садет, еден од првите кој притекнал на помош, ја најде Јасмина која ја извлекол од раскршениот автобус.

Не ѝ го ни знаел името. Ја барал низ болничките ходници само со една желба – да биде жива. Се обратил и до медиумите, а да ја најде му помогнал токму министерот Филипче.

„Во Градската општа болница „8 Септември“, Садет со моја помош ја најде Јасмина. Бев сведок на емотивен момент на кој што млада девојка се најде лице в лице со човек што ѝ го спасил животот“, напиша Филипче.

„Никогаш нема да заборавам како ме молеше да ѝ помогнам“, рече Садет. Се надевам дека никогаш повеќе нема да ни се случи ваква трагедија, продолжуваме со битка за секој живот. Ти благодарам Садет на твојата посветеност, ти си вистински херој!”, додаде министерот.

Во несреќата на автобусот на „Дурмо Tурс“ загинаа 15 патници, а на десетици други прво на помош им притекна локалното население.

Back To Top