Се роди Ведран – првото бебе во Новата година

Спокојно во прегратките во рацете на мајка си која со бакнеж во челото го бодреше Ведран да издржи пред камерите, се стекна со славата на првородено машко бебенце во 2019 година.
Тој е првото, а по него во Новата година на Клиниката за гинекологија се родија уште седум.
Ведран го доби мечето Ушко, златник и бонбонера и штедна книшка со 20.000 денари.
Ведран е прво дете на семејството Ангеловски. Мајката Александра, вели, пресреќна е.
,,Бебето се роди 1 минута после полноќ, беше карлично поставено и породувањето беше изведено со царски рез. Измината ноќ имавме доста работа, комплицирани итни случаи. Но, тимот на Гинекологија успеа да се справи со предизвиците и сите родилки и бебиња се добро“, изјави Игор Самарџиски лекар на Гинекологија.
Традиционално, мајката и бебето ги посетија министрите за здравство и за труд и социјала, Венко Филипче и Мила Царовска, како и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Три машки бебиња по полноќ се родија во Битола, по едно во Струга и Охрид.
Првото женско бебе се роди во Гостивар.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.