skip to Main Content

Се отстрани железната ограда пред Владата

Се отстрани железната ограда пред Владата
  • 07.02.2019

Отстранувањето на оградата околу владината зграда кое беше ветено во предизборната кампања започна денеска. Пред околу две години, премиерот Зоран Заев вети дека ќе ја отстрани оградата за да го ослободи просторот за граѓаните, а ваква одлука беше донесена на владината седница пред два дена. Отстранувањето го вршат две фирми кои нудат услуги за хигиена и ги одржуваат најголемиот дел од објектите на државната управа. Според владиниот портпарол Миле Бошњаковски нема да се трошат пари од граѓаните, туку ќе се искористат внатрешни ресурси, односно постојниот капацитет на службите во рамки на Владата.

Оградата привремено ќе биде ставена во депо, а секоја понатамошна одлука околу просторот околу владината зграда ќе бидат донесени при консултација со граѓаните. Бетонските столбови во моментот нема да се отстрануваат бидејќи, како што појасни владиниот портпарол Бошњаковски, нивното поместување ќе чини премногу а Владата нема намера да троши дополнителни пари за да ги поправи грешките на поранешната власт.

Back To Top