skip to Main Content

Се огласи Макрон: Зелено светло за С. Македонија без Албанија ќе беше смртоносна политичка грешка со неверојатно насилство

Се огласи Макрон: Зелено светло за С. Македонија без Албанија ќе беше смртоносна политичка грешка со неверојатно насилство
  • 18.10.2019

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија со ЕУ, изјави дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите во соседството на Унијата.

Тој за прв пат јавно ги доведе во прашање европската иднина и перспектива на земјите од Западен Балкан, зацртани во Солун во 2003. година.

„Разговаравме за нашите визии за Европа, а јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството“, изјави Макрон, додавајќи дека ЕУ не функционира каква што е сега.

Тој рече дека бил против одвојување на Северна Македонија и Албанија во процесот на пристапни преговори, со обрaзложение дека тоа би предизвикало насилство, не само кај албанското малцинство во Северна Македонија, туку во сите земји каде има албанско малцинство.

„Зелено светло за Северна Македонија без Албанија ќе беше смртоносна политичка грешка, а тоа беше единствениот можен консензус, ќе видевме политички и социјални движења од неверојатно насилство, не само кај албанското малцинство во Северна Македонија туку во сите земји каде има албанско малцинство“, изјави Макрон.

Макрон ја повтори потребата за реформа на процесот на преговори со земјите кандидати и побара тој да биде реверзибилен, односно да може да биде стопиран.

Францускиот претседател  ги поздрави напорите на премиерот Зоран Заев за Преспанскиот договор и за уставните измени.

Макрон претходните денови изјави дека куќата треба прво да ја реновираат пред да примаат нови членки, мислејќи на ЕУ.

Back To Top