skip to Main Content

И Албанците бараат лидерски дуел на Ахмети, Села и Касами

И Албанците бараат лидерски дуел на Ахмети, Села и Касами
  • 26.05.2018

Откако премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се соочија на дуел и јавно дебатираа за многу прашања, Албанците во Македонија сакаат дебата меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети со лидерите на албанската опозиција, Зијадин Села и Билал Касами.

Последната дебата меѓу албанската позиција и опозиција се случи во март 2006 година кога токму лидерот на ДУИ, Али Ахмети, излезе на телевизиски дуел со лидерот на тогашната опозициска партија ДПА, Арбен Џафери. 

Од Алијансата за Албанците изјавиле за „Независен весник“ дека нивниот лидер Зијадин Села е подготвен во секој момент на која било телевизија да излезе на јавна дебата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

„Алијансата за Албанците, односно лидерот Зијадин Села е подготвен во секој момент да излезе на телевизиско соочување со Али Ахмети. Лидерот на ДУИ нека одбере кога и каде сака тоа да се реализира. Зијадин Села е подготвен за дуелот со Ахмети“, порачале од Алијансата за Албанците.

Back To Top