skip to Main Content

Сенатот го ратификуваше Протоколот за НАТО

Сенатот го ратификуваше Протоколот за НАТО
  • 22.10.2019

Со 84 гласови ЗА и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана постапка го ратификуваше протоколот за пристапување на Македонија во НАТО. Ратификацијата помина без дебата и сега го чека потписот на претседателот Темп со што обврските на САД кон проширувањето со Северна Македонија ќе бидат комплетни.

„Сите сенатори гласаа, за се 84, двајца се против, избраните сенатори гласаа за предлогот како што е договорено.“ – Џон Бузман, Сенатор на републиканската партија.

САД е 25 земја членка на Алијансата што  го ратификувашe овој протокол. Остануваат уште четири земји членки, по што Македонија и официјално ќе стане членка на НАТО.

Македонија очекува тоа да се случи до самитот на Алијансата во декември во Лондон, но политичката криза во Шпанија може да го одложи полноправното членство.

Back To Top