skip to Main Content

Седумнаесет години од масакрот кај Вејце

Седумнаесет години од масакрот кај Вејце
  • 28.04.2018

Денеска се навршуваат 17 години од заседата кај Вејце во конфликтот од 2001 година каде, од страна на припадници ОНА, свирепо беа убиени осуммина припадници на македонските безбедносни сили.

Во масакрот кај Вејце кој се смета за еден од најкрвавите и најбрутални злочини во поновата историја на Република Македонија, загинаа осуммина македонски специјалци и полицајци. Животите ги загубија Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје, Миле Јаневски од Македонска Каменица, Марјан Божиновски од Битола, Кире Костадиновски и Бошко Најдовски од село Горно и Долно Оризари, Битола и Илче Стојановски од Породин.

Масакрот се случи откако конвојот на македонските бранители беше нападнат од заседа на патот меѓу селата Селце и Вејце на Попова Шапка, на 28 април 2001 година околу 17:45 часот.
Генерал Стојанче Ангелов, денеска, во Вејце, запали свеќи во чест на загинатите македонски херои.
Back To Top