skip to Main Content

Северна Македонија учествуваше во показна вежба на спасувачки тимови во Србија

Северна Македонија учествуваше во показна вежба на спасувачки тимови во Србија
  • 27.06.2019

Во рамките на Меѓународната вежба за справување со последиците од вонредни ситуации „Србија 2019”, денес на Бованското Езеро крај Сокобања се одржаа показна вежба на спасувачки тимови од седум држави.

Горан Николиќ, началник на Одделот за вонредни ситуации при МВР на Србија, изјави дека во тридневната вежба учествуваа повеќе од 500 лица од Србија, Русија, Северна Македонија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Турција, Куба, како и претставници на руско-ерменскиот хуманитарен центар.

На вежбата беа опфатени сите аспекти на спасување на луѓето во различни ситуации како за време на гаснење на пожар од земја и од воздух, во бродови, спасување од рушевини, со користење на опрема за спасување и на авиони.

Вежбата, според Николиќ, служи да се покаже кој спасувачки тим е најдобар во одделни области на спасувањето и нагласи дека оваа вежба не е единствената што е планирана да се одржи оваа година.

На вежбата присуствуваа министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ и министерот за вонредни состојби на Руската Федерација Евгениј Зиничев.

Вежбата „Србија 2019” ќе биде завршена денес во Ниш, а на церемонијата на затворање ќе присуствуваат претседателот Александар Вучиќ, како и министерот за вонредни состојби на Руската Федерација Евгениј Зиничев.

Вежбата ја организираат Министерството за внатрешни работи на Србија и Руското министерството за цивилна заштита, вонредни состојби и елиминација на последици од природни катастрофи.

Back To Top