skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

СДСМ: Уставните измени поздравени од целиот демократски свет, дебакл за Мицкоски и Бачев

СДСМ: Уставните измени поздравени од целиот демократски свет, дебакл за Мицкоски и Бачев
  • 12.01.2019

Целиот демократски свет го поздрави усвојувањето на уставните измени, дебакл за изолираните деструктивци Мицкоски и Бачев

Со усвојувањето на уставните измени имплементиран е Договорот од Преспа со што се отвораат перспективите кон светла македонска иднина во ЕУ и НАТО.

Целиот демократски свет, Европската унија, САД, НАТО, Германија, Велика Британија, Европската комисија, Австрија и други го поздравија усвојувањето на измените на Уставот, честитаа на историската одговорност на пратениците и граѓаните и ја потенцираа нивната натамошна поддршка во процесот на интеграција во двата најмоќни сојузи во светот.

Сами, без поддршка од граѓаните и целосно изолирани остана раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Јанко Бачев и неговиот портпарол Христијан Мицкоски.

Дебакл за маргинална група верна на кукавицата Никола Груевски, осамена во поразените политики на деструкција и изолација.

На страна на граѓаните, напредокот и иднината е целиот демкократски свет, прогресивните демократски сили во државата.

Македонското едно општество се издигна над политките на изолација и поделби, идентитетот е загарантиран, а македонската иднина во ЕУ и НАТО е обезбедена.

Центар за комуникации со јавноста

Социјалдемократски сојуз на Македонија

Back To Top