skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
(Видео) Со дрон во Скопје откриен потпалувач на оган
Веќе е извесно дека завршница за предметите на СЈО ќе има
Вистиномер.мк: Химната не е отстранета од образовните програми за основците
Анѓушев: Едно семејство не може да живее со 200 евра плата, минималната плата мора да расте

СДСМ: Правната држава е спасена

СДСМ: Правната држава е спасена
  • 13.09.2019

Правната држава е спасена, колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ, соопшти денеска СДСМ.

– Ако навистина некој обвинител го уценувал врвот на ВМРО-ДПМНЕ како што тврдат, зошто во белиот дворец молчеле 3 и повеќе години? Ако е вистина дека биле уценувани, зошто тоа не го пријавиле веднаш? Сега ли им текна, откако е јасно дека не им успеа планот да ги минираат отворените истраги и предмети на СЈО? Заради спас на белиот дворец, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, прават се за да ја попречат правдата, ама неуспешно, се вели во соопштението.

Во продолжение се додава:

– Пропадна планот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за уништување на предметите на СЈО. Со преземањето на предметите од страна на Јавното обвинителство, целосно е обезбедена иднината на сите случаи на СЈО со цел тие да имаат своја разрешница во системот на јавното обвинителство и судство. Правната држава е спасена, колку и тоа да не им се допаѓа на Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е најголемата штета за С. Македонија на патот до правда и на патот до Европската унија, се вели во соопштението.

Back To Top