skip to Main Content

СДСМ: Почната е постапка за исклучување на Боро Стојчев од партијата

СДСМ: Почната е постапка за исклучување на Боро Стојчев од партијата
  • 03.10.2018

Уште кога се случи тоа партијата го разреши Боро Стојчев од претседател на општинската организација на СДСМ во Ново Село.

Започната е постапка за бришење за исклучување од партијата, бришење од евиденција односно отчленување од СДСМ.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговорна и државотворна политичка партија се водиме од принципите на почитување на правото и на законите.

Оттука го повикуваме Боро Стојчев да си даде неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Ново Село. За нас, законите се закони и треба да бидат почитувани и од членството и од функционерите од било која политичка партија,  рече Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ.

 

Back To Top