skip to Main Content

СДСМ: На референдумот граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина

СДСМ: На референдумот граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина
  • 17.06.2018

СДСМ во соопштение упатија честитки до граѓаните на Македонија, кои, како што се вели во текстот, се издигнале над политиките на изолација и поделби. Идентитетот е загарантиран, иднината е обезбедена, пишува во соопштението.

Преку Договорот се отвораат перспективите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО. Ја обезбедуваме македонската иднина, стабилноста, сигурноста, економскиот развој и подобриот живот на сите наши граѓани.

Денеска е потпишан Договор којшто обединува и гради пријателство.

Конечниот Договор за решавање на спорот со Грција еднаш засекогаш го обезбедува и гарантира нашиот, македонски идентитет, кој веќе никој нема да може да го оспорува или негира. Македонски јазик, Македонци, Македонски, Македонец, Македонка, се обезбедени еднаш засекогаш.

Македонија веќе нема генерации за губење и затоа за овој Договор граѓаните ќе го имаат последниот збор.

На референдум, согласно законите и Уставот, граѓаните ќе кажат ДА за обезбеден и гарантиран македонски идентитет, ДА за целосна интеграција во ЕУ и НАТО, ќе кажат ДА за македонската иднина, додаваат СДСМ во соопштението.

Back To Top