skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Хан ја повика ЕУ да отвори преговори со Северна Македонија во најбрз можен рок
Могерини: Се надевам на позитивна одлука за преговори со Северна Македонија и Албанија
Рама: Пендаровски е претседател со кој треба да се гордееш, Мета не тера да се чувствуваме засрамено
Од денеска нови регистарски таблички со NMK
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

СДСМ: Наместо да манипулира со вистината ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи реформите

СДСМ: Наместо да манипулира со вистината ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи реформите
  • 27.05.2018

Наместо да манипулира со невистини и да навива за неуспех на државата, ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните и да ги поддржи реформите, реагираа од СДСМ на денешната изјава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со нон пејперот на неколку земји од Европската Унија.

Наместо да се обидуваат да манипулираат со јавноста, во ВМРО-ДПМНЕ треба да се информираат и добро да го прочитаат Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.

Таму ќе видат дека Европската комисија го констатира напредокот во сите области. Извештајот на ЕК дава кристално чиста препорака за Македонија, а Комисијата ја оцени Македонија како најдобра во регионот на Западен Балкан и Турција, за спроведување на препораките во економската програма за реформи, додаваат од СДСМ.

Му се допаѓало на ВМРО-ДПМНЕ или не, Македонија е на вистинскиот пат и тоа е препознаено од целиот демократски свет и земјите членки на Европската унија. Македонија тргна напред и тоа е признаено од сите, освен од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да навива за неуспех на Македонија и преку невистини да се обидува да манипулира со јавноста, ВМРО-ДПМНЕ да им се извини на граѓаните за грабежите и поделбите што ги правеше цели 11 години, а потоа да преземе одговороност и да ги поддржи промените кои ја движат Македонија напред, порачуваат од партијата.

Back To Top