skip to Main Content

СДСМ: Мицкоски објави целосна невистина, класична лажна вест измислена од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Мицкоски објави целосна невистина, класична лажна вест измислена од ВМРО-ДПМНЕ
  • 30.04.2018

– Мицкоски објави целосна невистина, класична лажна вест измислена од ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски е во безидејност и во агонија па измислува непостоечки случаи и лажни вести. Случајот за коjшто зборуваше денеска Мицкоски е целосно измислен, и нема никаква врска со реалноста, реагираат од СДСМ по повод ФБ обраќањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во кој го обвини братот на премиерот Заев, Вице, дека негови камиони возат за РЕК Битола.

– Ниту има некаков криминал во РЕК ниту пак постои некаква поврзаност со фирми или лица од семејството на претседателот Зоран Заев, за коишто денеска лажно наведуваше Мицкоски.

Во име на вистината, ги повикуваме сите надлежни институции и невладини организации коишто се бават со антикорупција да се заинтересираат за измислениот случај на Мицкоски и за тоа да ја информираат јавноста.

Личните фрустрации на Мицкоски од позитивната, транспарентна и законска работа на Владата предводена од СДСМ и нејзините одлични резултати за краток период, наспроти криминалното вледеење на неговата ВМРО-ДПМНЕ дојдоа до израз.

Впрочем, самиот Мицкоски се уште не одговорил на јавноста за договорите од 10.5 милиони евра склучени во времето кога тој раководеше со АД ЕЛЕМ.

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за криминал, корупција, неместени тендери.Затоа ВМРО-ДПМНЕ треба прво да си расчити со криминалот во своите редови а не да измислува таму каде што не постои, се вели во соопштението.

Back To Top