skip to Main Content

СДСМ: Истите зборови на Никола Груевски извираат од Мицкоски – црнила, деструкција, навреди

СДСМ: Истите зборови на Никола Груевски извираат од Мицкоски – црнила, деструкција, навреди
  • 12.12.2018

Вечерва на митингот пред Владата на РМ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го повика премиерот Заев на тв дуел и рече дека во Македонија се е црно, но и дека со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ ќе се роди зора. На ова следи реакција од Центарот за комуникации на СДСМ во кое се наведува:

„Ништо ново.Мицкоски нема идеја, нема концепт, визија, нема конректна програма, нема ништо добро за граѓаните. Деструкции, блокади, црнила, темнина и одбрана на криминалот се единствените нешта во црниот свет на Мицкоски.

Истите зборови на Никола Груевски, полни со црнила, деструкција, навреди, извираат од Мицкоски. Како некоја стара, излитена, расипана плоча. Ниските обиди да ги омаловажи луѓето за нивниот физички раст, ги покажа комплексите кои Мицкоски низ годините сам си ги наметнал, во обид да биде ист како Груевски.

Нервозниот Мицкоски до толку се загуби во набројувањето новогодишни желби што побара да се повлечат мерките против загадувањето, проблем што цела деценија беше игнориран токму од неговата ВМРО-ДПМНЕ.

Залудни се обидите на Мицкоски преку протести за одбрана на криминалот и преку нереални барања за оставки да ја врати Македонија во темното минато на криминал, корупција и изолација. Граѓаните ги поразија погубните антидржавни политики на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Мицкоски.

Македонија оди напред кон иднина во ЕУ и НАТО и враќање назад нема, Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ остануваат сами и изолирани во одбраната на криминалот“.

 

Back To Top