skip to Main Content

СДСМ: Дали Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ објавува документи за да ја поткопа истрагата за случајот Рекет?

СДСМ: Дали Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ објавува документи за да ја поткопа истрагата за случајот Рекет?
  • 12.09.2019

Одамна е јасно дека сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се ставени во одбрана на криминалите на режимот.

Но, Христијан Мицкоски вчера отиде чекор подалеку.

Со својата изјава во која рече дека „можеби имаат материјали од сега нелегално снимени кои можат да бидат индиции”, случајно или не, Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ има материјали за нелегално следење на комуникациите.

Сега станува јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата.

Back To Top