skip to Main Content

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои не сакаат да го видат напредокот на Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои не сакаат да го видат напредокот на Македонија
  • 26.05.2018

СДСМ со писмено соопштение реагира на денешната изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

-ВМРО-ДПМНЕ се единствените кои не сакаат да го видат напредокот на Македонија, време е да им се извинат на граѓаните за 11те години пустош, се вели во соопштението на СДСМ.

Пред да се истрчува во јавноста ВМРО-ДПМНЕ треба да го прочита Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија.

Со Извештајот, ЕК дава кристално чиста препорака за Македонија, го констатира напредокот во сите области, а најново е дека Комисијата ја оцени Македонија како најдобра во регионот на Западен Балкан и Турција, за спроведување на препораките во економската програма за реформи.

Македонија е на вистинскиот пат и тоа е препознаено од Европа и земјите членки на ЕУ. Дека Македонија е на вистинскиот пат не сака да признае единствено ВМРО-ДПМНЕ, порача СДСМ во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ треба да се погледне во огледало за да го види виновникот за 11 годишното пустошење на државата и оддалечувањето на Македонија од ЕУ и НАТО.

Наместо да навива за неуспех на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ треба да им се извини на граѓаните за грабежот и ставот, да преземе одговороност и да ги поддржи промените кои ја движат Македонија напред, се додава во соопштението.

Back To Top