skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Груевски останува во Будимпешта
Шекеринска во Брисел: Билатерални средби со министри за одбрана на НАТО земји
Ексклузивно интервју со Бојан Јовановски – петок 21:00 во Отворено Студио 1
Презентација на втор мониторинг извештај за работата на Државното правобранителство- „Заедно во борба против корупција“
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на оглас го бара „јунакот“ кој ќе тргне по стапките на Груевски, Мицкоски и Иванов

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ на оглас го бара „јунакот“ кој ќе тргне по стапките на Груевски, Мицкоски и Иванов
  • 04.01.2019

„Во суштина ВМРО-ДПМНЕ на оглас го бара кандидатот кој ќе застане рамо до рамо со Мицкоски, против НАТО и ЕУ, кој ќе тргне по антизападните стапки на Груевски, Мицкоски и Иванов.

Кого ќе одбере Мицкоски да работи на изолација на Македонија, да го брани криминалот и да работи против западниот свет, НАТО и ЕУ?

На Македонија и нејзините граѓани не и е потребна уште една антизападна марионета на Никола Груевски, не иm е потребен уште еден партиски полтрон кој наместо интересите на државата ќе сее омраза, бранејќи ги злоделата и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија е среќна и просперитетна земја, заради тоа што има граѓани кои се поголеми и подостоинствени од ликовите како Иванов, Мицкоски и Груевски и не дозволуваат да фати коренот омразата и поделбите кои токму тие го промовираа.

На граѓаните и на Македонија не им треба уште еден нов антизападен Иванов туку вистински претседател.

На изборите напролет, граѓаните ќе ја заштитат Македонија од нов антизападен Иванов.

Ќе изберат вистински Претседател на сите граѓани кој ќе застане со прогресивните, демократски сили во земјава, за обезбедување на иднината, за напредок, за полноправно членство на Македонија во ЕУ и НАТО“, стои во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.

 

Back To Top