skip to Main Content

СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ поразено од сопствената партија

СДСМ: Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ поразено од сопствената партија
  • 21.10.2018

СДСМ во соопштение повторно ги обвини раководството и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дека се антимакедонски и антизападни марионети спречени во обидите да ја закочат македонската иднина.

-Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се поразени од сопствената партија и не успеаја да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и антизападниот играч Мицкоски, да ги тргнат на страна рацете од сите граѓани и сите пратеници кои сакаат да ја видат Македонија во НАТО и ЕУ. 80 пратеници во Собранието слободно, по сопствено убедување и низ демократска постапка гласаа за иднина во ЕУ и НАТО и ја испочитуваа волјата на над 80 отсто од сите граѓани, се вели во соопштението.

Back To Top