skip to Main Content

Свечената церомонија по повод годишнината на 1ТВ во фокусот на Студио 1

Свечената церомонија по повод годишнината на 1ТВ во фокусот на Студио 1
  • 02.04.2019

Денешниот блок на Отвореното Студио 1 го започнавме со потсетување околу вчерашната свечена церемонија по повод прославата на роденденот на 1ТВ.

На настанот кој дефинитивно ги помести стандардите во земјава говореше и првиот човек на 1ТВ.

„Долг е патот од седиштата до сцената, исто како што е долг патот до успехот. Оваа порака не можеме да ја имаме како парола за 1ТВ затоа што 1ТВ за една година постигна сериозен успех, рече Бојан Јовановски во свеченото обраќање по повод 1 година 1ТВ.

-Затоа сме заслужни сите ние што работиме во 1ТВ, сите кои се трудиме 1ТВ да биде различна, да биде поинаква, да внесе свежина во сечиј дом. 1ТВ не е обична телевизија и не се трудиме да биде обична телевизија, 1ТВ е магија, како што можевме да слушнеме. Драго ми е што многумина го препознаа квалитетот на 1ТВ. На оваа свечена церемонија нема да зборувам за оние другите. Зборувам за оние кои ја препознаа креативноста, желбата, трудот, инвентивноста и различноста на 1ТВ. Она што сакам да го споменам е дека кога го бирав тимот на 1ТВ размислував за луѓе коишто знаат што е телевизија. Затоа со огромно задоволство сакам да ги поздравам сите уредници, сите новинари, сите други чинители во телевизијата, а особено човекот којшто е столб на таа телевизија. Тој е мудар и е човек кој навистина не случајно со години бил главен и одговорен уредник на многу значајни телевизии во оваа земја. Благодарам Ацо Кабранов, од сѐ срце, рече Бојан Јовановски.

„При подготовките на церемонијата по повод 1 година 1ТВ, вели првиот човек на 1ТВ Бојан Јовановски, размислувал за што поспектакуларен настан, затоа што ретко ги има во Македонија. Сепак, за разлика од другите церемонии од овој вид, решил дека на оваа нема да има огномет.

-Одлучивме дека ќе немаме огномет. Одлучивме дека наместо огномет, ќе имаме друг тип на донација. Огнометот којшто требаше вечерва да се случи по повод оваа телевизија ќе чинеше 5.000 евра во денарска противвредност. На ТВ24, на нашата конкурентска, денеска прочитав една вест во којашто зборуваат за младо девојче по име Васвија и апелираат за помош. Ние одлучивме наместо огномет, овие средства да ѝ ги дадеме на малата Васија којашто боледува од редок тумор. Јас ќе му го предадам овој чек на семејството на Васија, од 1ТВ, ќе ѝ бидат упатени овие средства и ќе ѝ посакаме сите од оваа сала побрзо да оздраве и да биде жива и здрава, затоа што е многу малечка, рече Бојан Јовановски.

Во продолжение погледнавме разговори со луѓето од најразлични категории од општествено политичкиот живот, од бизнис заедницата, од општествено ранливите категории па се до македонската естрада.

Целиот блок од Отвореното Студио 1 погледнете го во видеото:

Back To Top