skip to Main Content

Сашо Мијалков оди во притвор

Сашо Мијалков оди во притвор
  • 08.03.2019

Поранешниот директорот на УБК, Сашо Мијалков, оди во притвор. Од Кривичниот суд, каде што пред два часа беше објавена пресудата за случајот „Титаник 2“, а според која Мијалков беше осуден на три години затвор, тој директно ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“.

Обвинителката Фатиме Фетаи побара притвор, бидејќи рече дека постои опасност Мијалков да избега.

Во притвор оди и обвинетиот Бедредин Ибраими.

И Мијалков и Бедредин имаат право на жалба, но таа не го одложува извршувањето, што значи дека веднаш ќе бидат спроведени во затворот „Скопје“.

Back To Top