skip to Main Content

Сакал Скопје да личи на Лондон – Миле Јанакиески барал „дизајнирани“ автобуси

Сакал Скопје да личи на Лондон – Миле Јанакиески барал „дизајнирани“ автобуси
  • 10.10.2018

Четири лица осомничени за набавката на двокатните автобуси. Во случајот „Дизајн“ се товарат Миле Јанакиески, Снежана Филиповска Павлеска, Игор Јанушев и Јулијана Јанкуловска Атанасова за Злоупотреба на службената положба и овластување и за оштета на државниот буџет од 5 милиони евра. Според истрагата на СЈО, огласот е злоупотребен бидејќи, освен техничките карактеристики на автобусите, во огласот се барало и посебен „дизајн“.

СЈО објави дека:
Постои основано сомнение дека во периодот од 2009 и 2010 година, осомничениот Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски, осомничената Снежана Филиповска Павлеска како претседател на Комисијата за спроведување на јавни набавки, а осомничените Игор Јанушев и Јулијана Јанкуловска Атанасова, како членови на комисијата за спроведување на јавни набавки, на двокатни автобуси за град Скопје, формирана од министерството, ги искористиле своите службени положби и овластувња и за економскиот оператор Јутонг од Кина прибавиле корист, односно незаконско повластување – фаворизирање во постапката и склучување на договор за набавка на 202 двокатни автобуси, нанесувајќи му штета на буџетот на Р.М. во износ од 5.000.000 евра.

Од доказите произлегува дека првоосомничениот Миле Јанакиевски како Министер, по претходно поништени две постапки за јавна набавка на спорните автобуси, на кои конкурирал економскиот оператор Јутонг од Кина, без да ги исполнува условите на тендерот, со цел да го фаворизира економскиот оператор Јутонг, повторно донел решение за набавка на 202 автобуси во кое, спротивно на чл.161 од Закон за јавните набавки, во критериумот економски најповолна понуда, покрај елементот цена и техничко функционални карактеристики го додал и елементот дизајн, елемент кој инаку не е предвиден во Законот и за истиот во огласот навел дека носи 20 бода.

На огласот се јавиле два економски оператори, Јутонг од Кина и Кинг Лонг од Бугарија, по што осомничените (претседателот и членовите на комисијата), при разгледување на понудите, го фаворизирале економскиот оператор Јутонг, иако истиот не доставил сертификат за квалитет ИСО 9001:2000, туку доставил сертификат ИСО/ТС 16949:2002, а банкарската гаранција пак која ја доставил била издадена од Охридска банка АД Скопје, која не поседувала „Б“ кредитен рејтинг (што било услов во тендерската документација).

Како комисија за спроведување на јавната набавка наместо да ја отфрлат ваквата понуда, тие продолжиле со евалуација на двете доставени понуди. Понудата на економскиот оператор Кинг Лонг била второрангирана, поради тоа што истата не ги освоила потребните бодови за критериумот за елементот дизајн, иако истата била поефтина за 5.000.000 евра од понудата на Јутонг.

Министерот Јанакиевски, бил должен да ја поништи постапката за јавна набавка поради битни пропусти во истата, меѓутоа тој тоа не го сторил тоа, со што постапил спротивно на чл.169 од Законот за јавни набавки и на ден 14.04.2010 година склучил договор за купопродажба на автобуси со кинески Јутонг.

Back To Top