skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Рускоска: Чест е да го водам новото ЈО, но прерано е за честитики

Рускоска: Чест е да го водам новото ЈО, но прерано е за честитики
  • 19.07.2019

Јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Рускоска вели дека е чест што е предложена да го води новото Јавното обвинителство за организиран криминал и висока корупција, но смета дека е премногу рано за честитики.

– Чест е во секој случај за кој било обвинител, така и за мене тоа што го предложи премиерот, но мислам дека е премногу рано и за честитки и за што било друго затоа што сепак тоа е Предлог-закон кој треба да оди во собраниска процедура. Може да има многу амандмани и не знаеме  конечната верзија на тој закон како ќе излезе од Собранието, вели Рускоска во интервју за емисијата „Код“ што ќе се емитува во неделното издание, дел од кое беше пренесено вечерва во дневникот на ТВ Телма.

Таа истакнува дека не го чувствува предлогот како награда.

– Како може нешто да чуствувате како награда кога ќе имате повеќе работа отколку што сте имале. Мислам дека не може да стане збор за награда, посочува Рускоска.

За тоа дали во новото ЈО би ги вклучила и обвинителите од досегашното СЈО, вели дека и претходно изјавила дека во тоа Обвинителство има многу добри обвинители, многу способни така што со задоволство би соработувала со нив.

Back To Top