skip to Main Content

Рускоска побара казни за обвинетите за „27 април“ – законот превидува минимум 10 години затвор

Рускоска побара казни за обвинетите за „27 април“ – законот превидува минимум 10 години затвор
  • 31.01.2019

Обвинителката Вилма Рускоска во завршни зборови пред судот побара на обвинетите за насилставата во Собранието на 27 април 2017 година да им изречат казни со кои ќе се постигне целта за делото за кое се обвинети, односно за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.

За ова кривично дело, според законот, е предвидена минимална затворска казна од 10 години.

– Обвинителството докажа дека на 27 април е извршен организиран насилен напад врз една од најважните оте институции. Докажа дека тоа не беше спонтан упад и зовриени емоции. Обвинитеството докажа дека ова беше организиран и со умисла напад. Доказите потврдија дека преземените дејствија се поврзани и последователни со цел да се загрози уставноиот поредок. Докажа дека ова обвинение не е политички реваншизам, туку акт за докажување на делото и запазување на правото, изјави Рускоска.

Таа побара судот при носење на пресудата да ги цени како отежнителните, така и олеснителните околности и да им изрече казна со што ќе бидат постигнати целите.

По завршните зборови на Рускоска, денешното рочиште беше прекинато за на бранителите да им биде даден примерок од записникот.

Наредната судска расправа за „27 април“ е закажана на 4 февруари, кога завршни зборови треба да даде одбраната на обвинетите.

Back To Top