skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бутарис: Заслужуваат пофалба обидите на двете земји за изнаоѓање решение за името
Обвинителството ги доби наодите од обдукцијата на пејачот Влатко Илиевски
Димитров од Приштина: Ајде да најдеме решение, за работата да не отиде во лош правец
Некои општини би презеле споменици од „Скопје 2014“, проблем е што се незаконски поставени
Сеад Кочан за „Труст“ доби затвор 6 години и забрана за вршење професија 3 години
BMJ Media Group ви најавува: Концерт на Марија Шерифовиќ на 3-ти август во Охрид!
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ ЌЕ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; NEOTEL

Русија и Грција во дипломатска војна – имало обид за руско влијание врз Договорот со Македонија

Русија и Грција во дипломатска војна – имало обид за руско влијание врз Договорот со Македонија
  • 11.07.2018

Скандал во најава – Русите се мешаат околу името на Македонија. Вакви наслови се појавија во медиумите од регионов, по веста дека Грција одлучила да протера двајца руски дипломати, поради наводно мешање во постигнатиот договор со Македонија. Освен тоа, Грција им забранила влез на протераните дипломати во земјата, а Русија врати со иста мера.

Како што објави влијателниот грчки весник „Катимерини“, имало напори Русија да интервенира во „чувствителното домашно прашање, како што е договорот меѓу Грција и БЈРМ околу името, и со тоа негативно влијае на улогата на Грција на Балканот“.

„Нашите извори нотираат дека овој чекор уследил по бројните координирани напори за проширување на руското влијание во Грција, меѓу другото  и преку активностите на Империското православно палестинско општество“ – пишува весникот.

Набрзо по ова реагираше и Москва – Русија ќе депортира двајца грчки дипломати како одговор на одлуката на Атина да ги прогласи двајцата руски дипломати за персона нон грата. Ова за медиумите го потврди Андреј Климов од рускиот Совет за меѓународни односи.

„Принципот на реципроцитет се применува во такви случаи, без исклучок, Тоа е основниот принцип на дипломатијата“ – изјавил Климов.

Сепак, овие “реципрочни чекори” на Москва можат само да доведат до натамошно влошување на односите, имајќи ги предвид коментарите на грчки „Катимерини“ дека ниту еден член на грчките дипломатски и конзуларни служби во Русија не се однесувал надвор од строгата рамка на нивната мисија.

Инаку официјална Москва претходно го поздрави преспанскиот Договор, поради што информацијата за протераните дипломати поради обид за влијание врз неговата содржина, наиде на изненадување кај светската јавност.

Но дека сепак постоеле несогласувања на релација Москва- Атина, потврдуваат и двете страни. Во изјавата за медиумите, Климов додава дека Русија на Грција не гледала како на сојузник и партнер во Европа имајќи го предвид фактот дека земјата е членка на НАТО. „Катимерини“ коментира дека и покрај напорите да се одржат добри односи, во последно време разни кругови поврзани со руските интереси се мешале во домашните работи на Грција.

За потсетување, Русија периодов е на мета на светската јавност поради зачестените обвинувања дека интервенирала, пред се, во изборот на Трамп за претседател, за што во САД се води и истрага, но и во неколку земји во Европа, според меѓународни извештаи.

Христијан Баневски

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top